Започна аплицирањето за субвенции за трета фаза млеко и за заклани и предадени несилки во преработувачки капацитети

Барањата за искористување на финансиската поддршка млекопроизводителите може да ги поднесат електронски  најдоцна до  5- ти ноември 2019 година. Висината на поддршката за произведено и предадено овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, додека за кравјото млеко поддршката е 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети.

Share
Прочитај повеќе

ФАО помага за зајакнување на капацитетите за превенција, детекција и подготвеност во случај на Африканска свинска чума во Северна Македонија

Дел од обуките беа насочени кон одгледувачите на свињи и беа наменети за подобрување на општите аспекти на биосигурноста во врска со болеста, вклучувајќи ги и биосигурносните листи за проверка за фармите и мерките за превенција за спречување на влез на болеста во фармите.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Измените на Законот за акцизи овозможуваат низа поволности за производителите на ракија

“Максимално дозволената количина на годишно производство ќе биде 2.500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна јачина од 45%. Во првата година (2020г.) од примена на законот, производителите на ракија се ослободени од плаќање на акциза, во втората година односно 2021 година акцизата ќе биде 10 денари, третата година 20 денари и во 2023 година 30 денари. Со новото законско решение се овозможува малите производители легално да ја произведуваат и пласираат својата ракија, да развијат свој бренд од традиционалната ракија, што ќе придонесе за развој на руралниот и винскиот туризам, а за намалување на сивата економија”, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Инвестициите во водостопанската инфраструктура се врвен приоритет на МЗШВ

-Во полн ек е изградбата на современиот систем за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза, со којшто ќе се овозможи наводнување на 2.050 хектари во валандовскиот регион. Над 80 отсто е реализацијата на хидросистемот Равен-Речица, со кој ќе се наводнуваат нови 6.000 хектари во полошкиот регион. Во тек е проектот финансиран од Европска унија за „Мали, еколошки системи за наводнување“ во износ од 1,8 милиони евра“, потенцираше министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Преспанско Езеро кај Пустец порибено со 300.000 парчиња подмладок на крап

– Во водите на Преспанско Езеро фрливме околу 300.000 парчиња помладок на крап,што е специфичен вид во водите на ова езеро. Овој подмладок е подготвен во мрестилиштето што го имаме овде. Подмладокот на крап беше со поголема тежина бидејќи има потреба да биде пооформен. Верувам дека со оваа количина значително го збогативме рибниот фонд во езерото- изјави минстерот за земјоделство и рирален развој, Бленди Чучи.

Share
Прочитај повеќе

ИПАРД Инфо денови за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“

Покрај сите детали на нив им беа претставени и најприфатливите инвестиции како градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности, набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност, набавка на наменски транспортни резервари и приколки, набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум), набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија и инфраструктурно уредување. За оваа година од ИПАРД Програмата се очекува да бидат искористени уште 8,7 милиони евра.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството

“ФАДН е одличен инструмент за проценка на приходите на земјоделските стопанства и влијанието на Националната земјоделска политика во Северна Македонија. Резултатите од истражувањето ФАДН се клучни во утврдувањето на влијанието што земјоделската политика го има врз поединечните стопанства, како и за креирање на соодветни политики и мерки за развој на секторот. Во оваа насока ФАДН системот претставува  централен инструмент за следење на економскиот развој на земјоделството и земјоделските стопанства во земјите членки на Европската унија како целина“, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Заокружување на проектот за мрежа на сметководствени податоци од земјоделски стопанства

Завршен настан за проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства“ (ФАДН) ќе се одржи денеска во Скопје. На настанот е најавено обраќање на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Share
Прочитај повеќе

(Видео) Меџит Амити: Осигурувањето ќе донесе позитивен развој на сточарството

Меџит Амити е сточар, кој со сточарство се занимава 38 години и тоа ќе биде професијата со која ќе ја дочека и пензијата.  Тој раскажува дека да се одгледува стока е многу тешко, бидејќи постојано се соочуват со проблеми, со штета од волк, од мечка од град, од болести.

Share
Прочитај повеќе

Одбележување на Светскиот ден на храната, 16 октомври, 2019

Во среда, 16 октомври, 2019 година, со почеток во 10:30 часот, во ОУ “Крсте Мисирков”, Скопје (Општина Гази Баба), Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во партнерство со ОУ “Крсте Мисирков” и граѓанската организација “Слоу Фуд Водно” ќе го одбележат Светскиот ден на храната, под мотото “Нашите дејства се наша иднина! ЗДРАВА ИСХРАНА за #СветбезГлад”

Share
Прочитај повеќе