Ќе се субвенционира и руколата, предадена калинка, а повисоки субвенции добиваат и одгледувачите на кози

Се воведува нова субвенција во делот за градинарство, а тоа е за „рукола“, која ќе изнесува 30.000 денари по хектар.
3 денари по килограм предадено овошје во преработувачки капацитет ќе добиваат и производителите на калинка.

Share
Прочитај повеќе

Се воведува субвенцијата за дополнителна мерка за заклано јагне во регистриран кланичен капацитет

Од оваа година како редовна мерка се воведува субвенцијата за дополнителна мерка за заклано јагне во регистриран кланичен капацитет во период од 1 јануари 2022 до 31 мај 2022, во износ од 400 денари по женско јагне. 

Share
Прочитај повеќе

Се зголемуваат субвенциите за грло говеда и за предадено млеко, ќе има и повици за државно земјиште за сточари

Се зголемуваат субвенциите за грло говеда од 2.800 на 3.100 денари по грло. За прв пат се воведува дополнителна субвенција по квалитет на млеко. Ако досега производителите на кравјо млеко кои произведуваа млеко со екстра класа добиваа поддршка од 3,5 денари по литар, од сега ќе добиваат 4,5 денари по литар. Поддршката за овчо и козјо млеко се зголемува од 4,5 денари по литар на 5,5 денари по литар млеко.

Share
Прочитај повеќе

Зголемување на финансиската поддршка за мерката „Зелена нафта“

Со цел да се анулираат зголемените трошоци за нафта, го зголемивме износот за кофинансирање по хектар за субвенции за зелена нафта. На пример, трошоците за нафта лани за пченица биле субвенционирани со 1.250 денари по хектар, а оваа година поради зголемената цена на нафтата и ревидирање на методологијата за пресметка на висината на трошоците,  ќе добијат 1.413 денари по хектар.

Share
Прочитај повеќе

Се воведува линеарна субвенција и авансна исплата на субвенциите за овоштарите

Новитет е што исплатата за оваа мерка ќе се врши во тековната година, во периодот од септември 2022 година до декември. Да биде појасно, сите овоштари ќе добијат авансно 12.000 денари од вкупната сума колку што изнесува основната субвенција во тековната година, односно кога им се најпотребни во ек на берба, а остатокот од основната субвенција ќе се исплати следната година како и досега.
Ваквиот начин на субвенции согласно европските регулативи е предвидено следната 2023 година да се воведе и за останатите мерки по површина, односно за поледелство, градинарство и лозарство.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: За прв пат имаме европска програма за финансиска поддршка во земјоделството, се кратат административни процедури, се воведува авансна исплата на субвенции

Министерот Николовски, изјави дека новата Програма е производ на  опсежни анализи на искористеноста на средствата, земајќи го предвид  развојниот ефект на субвенциите и отстранувањето на можноста за нивна злоупотреба.

Share
Прочитај повеќе

Николовска во посета на компанијата „ВИПРО“: Продолжуваат активностите околу договорното производство со сериозни преработувачки капацитети

-Преговорите со преработувачите на зелка, ќе продолжат и во следниот период. Со Јован планираме да посетиме и други компании од преработувачкиот сектор и да им го објасниме моделот на договорното производство, а тоа најмногу е враќање на довербата меѓу производителите и преработувачите, затоа што условите се промените, а ова се сега млади и амбициозни земјоделци кои сакаат да имаат сигурен пласман и заработка, рече Николовска.

Share
Прочитај повеќе

АХВ најави законска постапка за инспекторот од ПЕ во Берово

Агенцијата за храна и ветеринарство преку соопштение ја осудува и се оградува од постапката на инспекторот од подрачната единица на АХВ во Берово, во снимката која била објавена во медиумите и на социјалните мрежи.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски во Велес ги додели договорите за закуп на државно земјиште

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, минатиот петок во Велес ги додели договорите за закуп на државно земјиште од последните два јавни повици.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Целосна поддршка но и силен мониторинг за подрачните единици на МЗШВ

Министерот Љупчо Николовски, низ многубројните минатонеделни активности, оствари и средба со раководителите на подрачните единици на МЗШВ, со кои разговараа за нивна професионализација и ставање во целосна служба на сите граѓани што сакаат да се занимаваат со земјоделство.

Share
Прочитај повеќе