Николовски, Бачовски и Димковски на средба со оризопроизводителите во Кочани

-Од овде, од Кочани, порачав дека македонскиот ориз, нашето бело злато, ќе продолжиме да го стимулираме преку Програмата за директни плаќања за 2022 година, а силен фокус ќе ставиме и на инвестициите во системите за наводнување, и каналите за одводнување и наводнување, како и пречистителната станица која има можност да ја собира сламата и да ја преработува во органско ѓубре, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски од Белград: Саемот „Агро Белград 2022“ и иницијативата „Отворен Балкан“ се основа за зголемена трговска размена на земјите од регионот

На покана на српскиот министер за земјоделство и вицепремиер Бранислав Недимовиќ, денеска во Белград министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, го посети саемот „Агро Белград 2022“.  

Share
Прочитај повеќе

Николовски од Белград: Иницијативата „Отворен Балкан“ економски го унапредува целиот регион, за само 24 часа македонските производи се на српскиот пазар

Придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“  се видливи, тоа што е потпишано веќе се спроведува, нема заджување на камионите на граница, се крати времето на чекање, се кратат административните и царинските процедури, за само 24 часа македонските производи,  се на српскиот пазар, изјави утрово министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој заедно со министрите за земјоделство на Србија, Албанија и Република Српска, го посетија царинскиот терминал „Делизе“ во Белград, Република Србија.

Share
Прочитај повеќе

Рокот за јавниот повик за субвенционирана набавка на системи за наводнување, што истекува утре, се продолжува за 15 дена

-Оваа одлука ја донесовме во консултација со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, а поради зголемениот интерес за јавниот повик, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Љупчо Николовски ќе присуствува на отворањето на третиот Меѓународен саем за овошје, зеленчук и лозарство „Агро Белград“

Во текот на трите дена од настанот, ќе се организираат стручни конференции и состаноци на кои, меѓу другото, ќе се разговара за стандардите во производството на овошје и зеленчук, иднината на производството на бобинки, транспорт на овошје и зеленчук во контејнери за ладење, револвинг фондовите за финансирање, прецизното наводнување, модернизација на винарството..

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со Меморандумот за земјоделството со Бугарија ќе освојуваме странски фондови

„Од рамките на оваа работна група, произлегоа два од трите меморандуми што беа потпишани. Едниот од нив беше за малите и средни претпријатија, а вториот за земјоделие. Сметаме дека сме подготвени за конкретна реализација и токму затоа ова е првата група која ќе почне со работа во вторник во Скопје“ кажа Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски од Софија: Меморандумот за соработка со Бугарија во областа на земјоделството е голем чекор за унапредување на билатералната и трговската соработка

-Верувам дека во периодот што следи ќе испорачаме брзи резултати. Ние денеска потпишавме Меморандум за соработка и со министерот за земјоделство на Бугарија Иван Иванов, разговаравме за значењето на земјоделскиот сектор, за двете држави да ја зголемат соработката и заеднички да испорачаме резултати, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Љупчо Николовски повторно ќе раководи со секторот земјоделство

За време на неговиот мандат започнаа повеќе проекти и мерки за земјоделците како „Зелена нафта“, „Млад земјоделец“ , „Рурална жена“, инвестици во системи за наводнување, неселективната исплата на субвенциите, државата стана лидер во искористеност на ИПАРД средствата и други политики кои значеа подобрување на состојбата во земјоделскиот сектор.

Share
Прочитај повеќе