34 литри пиво во просек по човек произведени во Македонија

Вести

Македонија во 2017-та произвела за 2 милиони литри повеќе пиво во однос на претходната година. Но тоа не е доволно да важиме како нација со добро пиво, затоа што извозот на овие алкохолни пијалоци во странство се речиси никакви.

Квалитетот на македонското пиво останува „неверификуван“, затоа што извозот на македонското производство речиси нула, објави Евростат.

Тоа може и да го потврди бројката од 34 литри годишно по глава на жител, што е далеку од европскиот просек од 81 литро по човек.

Европската унија од надворешните трговски партнери кои не се членки повеќе ги купува дури и тајландските пива.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *