Висина на субвенции за семенски материјал за 2022 година

Вести

Програмата за Директни плаќања за 2022 година се усвои на седница на Влада. Ви пренесуваме дел од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за семенски материјал.

1.12. Директни плаќања за производство на домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација за житни, индустриски, фуражни и градинарски култури

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал кои имаат произведен семенски материјал во 2022 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и имаат добиено конечни сертификати;

-Произведен и продаден во 2022 година согласно издадениот конечен сертификат за семенскиот материјал;

-Минимална прифатлива сертифицирана количина за житни култури (пченица, јачмен и тритикале) е 2,5 тони по хектар пријавена површина;

-Минимална прифатлива сертифицирана количина за сточен грашок е 1 тон по хектар пријавена површина;

-Висината на директните плаќања изнесува 20.000 денари по хектар за прва генерација (Ц1) и 15.000 денари по хектар за втора генерација (Ц2) освен за тутун каде што висината на директните плаќања изнесува 60.000 денари по хектар.

1.16. Директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал и кои имаат произведен и продаден предосновен и основен семенски материјал за житни култури во 2022 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија;

-Висината на директните плаќања за произведен и продаден предосновен семенски материјал изнесува 20 денари по килограм, а за основен семенски материјал изнесува 10 денари по килограм.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *