Висина на субвенции за одгледување свињи за 2022 година

Вести

Програмата за Директни плаќања за 2022 година се усвои на седница на Влада. Ви пренесуваме дел од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2022 година што се однесува за одгледување свињи.

2.12. Директни плаќања за женски приплодни грла-маторици

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат женски приплодни грла-маторици и поседуваат минимум шест грла маторици и истите ќе ги чуваат најмалку до 30.11.2022 година;

-Висината на директните плаќања изнесува 1.000 денари по грло-маторица,

2.13. Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.12. за уматичено грло-маторица

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на маторици и се корисници од подмерка 2.12. на оваа уредба;

-Земјоделските стопанства да се членови или се призната организација на одгледувачи на свињи, а приплодното грло маторица на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка да е заведено во матична книга;

-Земјоделското стопанство да е со минимални капацитети од 50 грла;

-Висината на директните плаќања изнесува 20% по уматичено грло од утврдената висина на поддршка во поддмерка 2.12. од оваа уредба;

2.14. Директни плаќања за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале најмалку пет гоеници во период од мај 2021 година до април 2022 година и кои треба да се предадат во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло;

-Висината на директните плаќања за гоеници со тежина од 90 до 120 килограми по грло изнесува 950 денари по грло. Бројот на грла се пресметува скалесто и тоа: од 5-5.000 грла 100%, од 5.001 до 15.000 грла 80% и над 15.001 грла 40%;

-Висината на директните плаќања за гоеници со минимална тежина од 121 килограми по грло изнесува 1.950 денари по грло. Бројот на грла се пресметува скалесто и тоа: од 5-5.000 грла 100%, од 5.001 до 15.000 грла 80% и над 15.001 грла 40%.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *