Се излеа Црна Река – штети на посевите со пченица

Вести

Обилните врнежи од дожд предизвикаа штети на повеќе места во земјава при излевање на реките. Една од оние кои се излеа е и Црна Река кај селото Бараково кај Демир Хисар при што ги поплави полето и околните патишта.

„За разлика од минатите години кога реката се излевала после повеќе денови обилни дождови оваа година реката се излеа после само еден ден врнежи од дожд. Години наназад бараковчани и жителите од соседните села реагираа и бараа да се реши овој проблем со тоа што ќе се исчистат критичните места од реката каде што секоја година се излева.

Но за жал досега од страна на државата и општината години наназад ништо не беше превземено.

Најголеми штети повторно ќе претрпат посевите со пченица што значи дека земјоделците и оваа година ќе бидат оштетени“, пишуваат граѓани по социјалните мрежи.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *