Агрометеоролошка прогноза за периодот после 29.03.2019 година

Вести Совети

Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза  за периодот после  29.03.2019 год.

Изминатиот период се карактеризира со високи температури, суво и стабилно време, поради што, повеќето од овошките се во фаза на полно цветање и појава на лист. На повисоките места, вегетацијата се уште е во фаза на мирување, а некаде до почеток на цветање.

За време на овој викенд, се очекуваат негативни утрински температури, кои во пониските места, ќе бидат со послаб интензитет, заради ветерот со кој е проследена ниската температура и краткиот период на траење, но на повисоките места се очекува истите да бидат со посилен интензитет и да влијаат негативно на земјоделските култури кај кои веќе е започната вегетацијата.

Предупредување: Во утринските часови од петок кон сабота, се очекува намалување на температурата, се препорачува на земјоделските производители да превземат соодветни мерки за заштита.

Од почетокот на наредната недела се очекува пораст на температурите и зголемување на облачноста и локални врнежи.

Мониторингот за суша укажува, дека во изминатиот период имаме поизразена суша, која негативно влијае на развојот на вегетацијата. Врнежите кои се очекуваат во наредниот период до некаде ќе ја ублажи оваа состојба кај земјоделските култури.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *