Министерот Љупчо Николовски, вчера беше во Штип. Во овој регион се потпишаа



договори за доделување на нови 503 хектари земја од последните два јавни повици. Дел од договорите вчера и лично им се доделија на земјоделците.
Министерот Николовски потенцира:

Политиката за ставање во функција на целокупното земјиште продолжува и во следниот перидод преку транспарентно и отчетно објавување на огласи за давање во закуп на државно земјоделско земјиште.

Во изминатите 4 години покажавме што значи правична распределба на земјата. Секој што исполнува услови, секој што е прав земјоделц и живее од земјоделството добил земја, нема поделби на ваши и наши, нема уцени, нема партиски списоци.

Продолжуваме и понатаму во таа насока.