АХВ дел од глобалната кампања по повод Светската недела за свеста за антибиотиците

Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и оваа година е дел од глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците и Европскиот ден за свеста за антибиотиците кои се одбележуваат од 18 до 24 ноември.

Целта на кампањите е да се подигне свеста за ризиците по здравјето на луѓето и на животните и животната средина, предизвикани од отпорноста кон антибимикробните средства и да се промовираат добри практики, со цел ограничување на појавата и ширењето на отпорни микроорганизми низ целиот свет.

Годинашното мото „Ширење на свеста, стоп за отпорност” ги повикува сите вклучени во концептот „Едно здравје”, креаторите на политики, давателите на здравствени услуги и општата јавност да бидат лидери во подигнувањето на свеста за антимикробната отпорност.

-Агенцијата за храна и ветеринарство активно работи на справување со овој глобален проблем следејќи ги упатствата на светските и европските надлежни институции. Донесени се Програма за антимикробна отпорност за периодот 2017 – 2021 година и Годишен план за мониторинг на антимикробна отпорност, кој се спроведува од 2018 година. Резултатите од спроведувањето на Годишниот план и тековното движење на антимикробната отпорност во изолатите добиени во ветеринарната медицина се објавуваат на интернет страната на АХВ. Дополнително, податоците се доставуваат и до Европската Агенција за безбедност на храна, која истите ги објавува во Националните извештаи за движењето на зоонозите и антимикробна отпорност за секоја година поединечно отпорност, вели директорот на АХВ, Николче Бабовски.

Во моментов активно се работи на подготовка на новата програма за антимикробна отпорност за периодот 2022 – 2026 година, која е усогласена со најновата легислатива на Европската унија за следење и известување на антимикробна отпорност кај зоонотски и коменсални бактерии. Програмата е заснована на најновите научни мислења и се однесува на познатите прашања за имплементација и научно одговара и обезбедува континуитет во проценката на идните трендови во антимикробната отпорност.

Агенцијата, е активен учесник во креирањето на Стратегијата за антимикробна резистенција и Акцискиот план за 2017 – 2020 година, како заеднички проект на неколку надлежни институции во државава. “Преку мултисекторската комисија при Министерството за здравство и преку учество на вработени од Агенцијата во телата на Кодекс алиментариус (Codex Alimentarius), Светска здравствена организација и Европската Агенција за безбедност на храната (EFSA), АХВ активно ги пренесува своите достигнувања на полето на антимикробната отпорност во ветеринарната медицина, објаснува Бабовски.

На проблемот со антимикробната отпорност големо внимание внимание посветуваат и водечките светски организации од областа на јавното здравје, здравјето на животните и безбедноста на храната – Светската организација за здравствена заштита на животните –

ОИЕ, Светската организација за земјоделство и храна – ФАО, Светската здравствена организација – СЗО, Европскиот центар за превенција и контрола на болести и други, кои активно работат на подигнување на свеста за ризиците од антимикробната отпорност преку организирање на истражувања, одржување на семинари, советувања, објавување на публикации за јавноста и друго.

Како активен учесник во глобалните кампањи за одбележување на овој ден, а со цел подигнување на свеста за можните ризици од прекумерна и несоодветна употреба на антимикробните средства АХВ подготви и водич „Одговорна употреба на антимикробни средства во ветеринарната медицина”, наменет за информирање на јавноста, но, пред се на вклучените страни во прометот и употребата на овие средства.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *