Проект “Здрава ужинка за сите ученици”

Вести
Започнуваме со реализација на проектот “Здрава ужинка за сите ученици” кој за прв пат го воведуваме преку Програмата за откуп на свежо овошје зеленчук млеко и млечни производи. Вчера беше направена дистрибуција низ општина Центар и Шуто Оризари на повеќе од 200 тони јаболка, а денес веќе продолжуваме низ другите општини во градот и државата.
Преку оваа Програма вршиме откуп на 743.000 килограми наши домашни јаболка кои ќе бидат дистрибуирани до 350 основни училишта односно до сите 186.000 ученици. Она што ми е особено драго е што наидовме на одлични реакции од дечињата и нивните родители, што охрабрува уште повеќе да ја развиваме оваа програма во иднина.
Фејсбук-статус на министерот Љупчо Николовски
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *