АХВ: На македонскиот пазар нема турски мандарини полни со пестициди

Вести Овоштарство Огласи

На пазарот во Македонија не се присутни небезбедни мандарини од Турција, тврдат од Агенцијата за храна. Од таму велат дека инспекциските служби вршат редовни контроли на сите пратки со цитрусно овошје кое се увезува во земјава  вклучително и на оние со мандарини од  Турција. Република Србија пак забрани увоз на мандарини од Турција поради присуство на пестициди.

Пратки со посоченото овошје од Турција во земјава лабараториски се тестирани во месец декември лани, а во фаза на лабараториско тестирање се и мострите  кои инспекторите за храна на агенцијата ги земаат овој месец. Во испитаните мостри во декември не се утврдени отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за цитрусно овошје.

Фитосанитарната инспекција на Република Србија забрани увоз на 5.400 килограми мандарини од Турција поради зголемено присуство на пестицидот фенвалерад, над пропишаното количество во правилникот за максимално ниво на остатоци од пестициди во храната. Пратката била  веднаш уништена.

Во Македонија минатата година биле увезени повеќе од 8,6 милиони килограми мандарини. Најголем дел од Турција и Грција.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *