Николовски: Воведуваме мерки за поддршка во земјоделството, со кои ги задржуваме младите во земјава

Вести

Воведуваме мерки за поддршка во земјоделството, со кои ги задржуваме младите во земјава, рече синоќа министерот за земјоделство, Љупчо Николовски на трибина во Кавадарци.

-Согласно препораките на Европската унија, ќе ја воведеме шемата на млади земјоделци и во програмата за директна поддршка, сите овие мерки кои досега ги зборуваме се на база на повеќе програми и фондови. Но тоа ќе го направиме и во програмата за субвенции, каде што мерките за младите земјоделци ќе добијат посебно место и посебно значење. Тоа ќе значи дека сме чекор поблиску до уште повеќе пари кои ни стојат на располагање, тоа значи чекор поблиску до едно модерно конкурентно европско земјоделство, што ќе има придобивки, најповеќе за младите луѓе и за сите наши граѓани, нагласи министерот.

Тој додаде дека станува збор за еден навистина комплициран и комплексен сектор што дава еден значаен дел во бруто домашниот производ на земјата од 10 проценти, 17 проценти од работното население во државата е активно вклучено во земјоделството, а 40 отсто од буџетот на Европската унија оди токму за овој сектор.

Се што се работи, рече, е во интерес пред се на младите луѓе.

-И верувам дека како што покажавме оваа година и ги убедивме сите дека може во делот на оваа искористеност на фондови од последни да станеме први, од последен сектор да станеме прв за кој се зборува, верувам дека со сите мерки, со сите политики, со сите храбри одлуки кои ги носиме во овој сектор, навистина земјоделството и аграрот за младите луѓе ќе бидат тренд, задоволство и се повеќе ќе ги мотивираме да се вклучат, да работат. А ние сме тука да ги обезбедиме сите мерки, да носиме нови политики, да ги враќаме парите назад кон граѓаните, да отвараме нови фондови, нови перспективи, да се грижиме за пласманот на земјоделските производи, а верувам и за многу инвестиции што во овој сектор во следниот период ќе следат, нагласи Николовски.

Присутните се интересираа околу ревизијата на одделни концесии по што младите би можеле да конкурираат за закуп на државна земја, околу цената кога се наводнува со капка по капка, зелената нафта и слично.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *