Силно невреме проследено со град вчера напладне ја зафати Преспа.
Најпогодени од невремето се селата Јанковец, Болно и Избишта. Според земјоделците, градот нанел голема штета на јаболката, чија берба е во полн ек.
Јаболкопроизводителите посочија дека штетата од градот ќе се утврди за неколку дена. Постарите преспанци велат дека не паметат досега град да паѓал во октомври.
Првичните информации се дека јаболките претрпија големи штети од ова невреме, што може да се види од фотографиите кои ресенчани ги споделуваат на социјалните мрежи.