За четири дена, од 19 до 22 март, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), извршила 189 надзори.
Притоа, во два објекта е констатирано работење на лица без санитарни прегледи, неправилно означување и неводење записи, а во три објекти се евидентирани неправилности во однос на општата хигиенска состојба.
Во девет месарници, пак, е констатирано неправилно деклраирање на месото и несоодветен термички режим на чување.
– Постапено е од страна на инспекторите на АХВ и на сите субјекти им е укажано да ги отстранат сите недостатоци, рече претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашковска.
На прес-конференција во Владата, Филиповска Грашковска соопшти дека шесте инспекциски институции во земјава, за четири дена, од 19 до 22 март, извршиле вкупно 11.358 надзори.