Известување за измени во Повик бр. 1/ЗАМ/2020 за финансиска поддршка на земјоделски задруги

Вести Огласи

Почитувани,

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ Ве известува за важни измени кои се однесуваат на Повикот бр. 1/ЗАМ/2020 за финансиска поддршка на земјоделски задруги:

  • Краен рок за поднесување на пријавите:
    • Рокот за доставување пријави е продолжен до 30.4.2020 г. до 16.00 часот.
  • Индикативно времетраење за реализација на инвестицијата (т.1.6.3 од Инструкции за апликантите од Повикот):
    • Индикативното времетраење за реализација на инвестицијата е 7 месеци.
  • Индикативна временска рамка (т.6.6. од Инструкции за апликантите од Повикот):
Активност Индикативна временска рамка
Рок за поднесување пријави 30.4.2020 до 16:00 часот                   
Отворање на пријавите 4.5.2020
Посета на терен 5-6.5.2020
Комплетирање на административната проверка 8.5.2020
Комплетирање на оценката 11.5.2020
Известување за резултатите од оценката 11.5.2020
Потпишување договор 12.5.2020
Краен датум на договорот 12.12.2020

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од CARE Германија-Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).

Повик бр. 1/ЗАМ/2020 за финансиска поддршка на земјоделски задруги (изменет)

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *