АХВ со демант: Кај вработените кои биле Италија потврдено е отсуство на вирусот

Вести

Во отсуство на идеи како да ја пополни дневната партиска агенда, во услови кога се преземаат сериозни мерки за спречување на ширење на вирусот Ковит 19, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, продолжува да ја манипулира и заплашува јавноста. На дегутантна ,,прес конференција,, денес информираше дека државава не прави ништо да се справи со Корона вирусот и дека вработени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство, пред две недели се вратиле од службено патување во Италија, без да им биде направен преглед и тест за евентуално утврдување на присуство на болеста.

Во целост ги демантираме наводите на Трипуновски и ја информираме јавноста дека тројцата вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство беа на службено патување во Италија и тоа во регионите кои тогаш не беа зафатени со Корона вирусот. По враќањето во земјава, тие целосно ги испочитуваа препораките на Владата.

Од страна на вработените, доброволно, иако не доаѓаат од земји/региони каде тогаш имало присуство на болеста, направени се лекарски прегледи со кои е потврдено отсуство на вирусот, односно потврдено е дека тие се здрави.

Апелираме, грижата за справување со Корона вирусот Трипуновски да им ја препушти на надлежните здравствени власти и да престане да си поигрува со трпението и чувствителноста на граѓаните кога е нивното здравје во прашање.

Со почит,
Агенција за храна и ветеринарство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *