Нема научни докази дека храната е извор или преносител на корона вирусот

Вести

Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) будно ја следи ситуацијата во однос на појавата и ширењето на Корона вирусот (COVID-19) од кој се зафатени голем број земји ширум светот.

Во моментов не постојат научни докази дека храната претставува извор или преносител на овој вирус.

Марта Хугас, главен научник во ЕФСА изјави:

Искуствата од претходните појави на сродни корона вируси, како што е SARS-CoV и MERS-CoV, докажуваат дека не постои појава на ширење на вирусот преку конзумирање храна. Во овој момент, не постојат докази дека овој Корона вирус во тој поглед се разликува од претходните вируси.

Научниците и надлежните органи ширум светот го следат ширењето на вирусот и до сега не постојат извештаи дека истиот се шири преку храна.

Во однос на безбедноста на храната, Светската здравствена организација (WHO) објави препораки и мерки на претпазливост за следење на добри хигиенски пракси за време на ракување со храна, како што е миење на рацете, соодветна термичка обработка на месото и избегнување вкрстена контаминација помеѓу зготвената и незготвената храна. Повеќе информации може да се прочитаат на веб страната на СЗО.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *