АХВ: За три години, двојно зголемена довербата на граѓаните

Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство како еден од приоритетите во нејзиното работење има поставено исполнување на барањата на граѓаните и заштита на нивните интереси. Градењето на довербата на граѓаните во Агенцијата за храна и ветеринарство беше основно мото при дефинирање и спроведување на активностите на вработените и директорот на Агенцијата во изминатите 4 години.

При првото испитување “Перцепција на граѓаните за ризиците поврзани со храна и исхрана”спроведено во Република Северна Македонија во 2015-2016 година од страна на ТЕЛОП ТСС, Агенцијата за храна и ветеринарство е оценета со 16,1% доверба кај потрошувачите, додека довербата во институциите на Европската унија била 19,2%.

Од 2017 година, раководството на Агенцијата за храна и ветеринарство, поаѓајќи од основните начела и мисија за ефективно, ефикасно, квалитетно и навремено задоволување на барањата и потребите на корисниците на услугите (граѓаните и правните лица), како и посветеност за високо стручно, тимско и посветено извршување на работните задачи со посебен осврт на професионален интегритет, ефикасност, ефективност и посветеност при извршувањето на службените должности, започна со активности во насока на зголемување на довербата на граѓаните во националниот систем за безбедност на храна, но истовремено и со промовирање на вредностите и принципите на работа на Европските институции од областа на безбедност на храната, активна заштита на правата и интересите на потрошувачите како и вклучување на Агенцијата и релевантните национални научни институции во активностите на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА).

Денес, за само 3 години Агенцијата за храна и ветеринарство успеа двојно да ја зголеми довербата на граѓаните, но и довербата во институциите на Европската Унија. Со испитувањето спроведено од страна на ЕФСА “Евробарометар 92.3 Безбедност на храна” утврдено е дека степенот на довербата кон Агенцијата за храна и ветеринарство е двојно зголемен со 35%.

Резултатот од спроведениот Евробарометар е потврден и со анкетата за испитување на задоволстовто на корисниците од услугите на Агенцијата за храна и ветеринарство за 2019 година, каде корисниците ја оценуваат Агенцијата со оценка 4.78 (од можни 5.00).

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *