Србија од утре со контрамерки кон Македонија поради брашното

Вести

Србија од утре ќе воведе контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно, најави денеска српскиот министер за трговија Расим Љајиќ.

– Не можеме веќе да чекаме. Освен купување време, од нивна страна не видовме никаква подготвеност за решавање на проблемот, вели Љајиќ во изјава за „Данас“.

Посочува дека бил подготвен во петокот и вчера да дојде во Скопје за да разговара со претставници на македонската Влада за решавање на проблемот со увозот на српско брашно во Македонија, но се откажал бидејќи не слушнал конкретен предлог за кој би можело да се разговара.

Како што информираа од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) вчера за МИА, се разгледуваат сите опции за надминување на состојбата.

Се очекува, на денешниот Економски совет на министрите од ресорот економија да биде отвори и прашањето за измените на Правилникот поради кој настана недоразбирањето со Србија.

Министерот Николовски во саботата соопшти дека е договорено да се формира комитет меѓу двете страни кој ќе ги отвори сите можни парашања, а првата седница е закажана овој месец во Ниш.

Проблемот со увозот на српското брашно настана откако Македонија, на 8 февруари годинава, ги воведе измените на постојниот Правилник. Со измените се налага брашното да се обележува со маркички по неговото дистрибуирање и целосна контрола во земјава, а не уште пред да стигне во Македонија, од страна на извозниците.

Србија реагираше зашто смета дека Македонија воведува бариери, што од македонска страна се негира и се напоменува дека условите за увоз и досега беа исти, само е сменет нивниот редослед и мора да се почитуваат.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *