Ајдучка трева во исхраната на живината

Вести Совети

Ајдучката трева во ветеринарната медицина се користи со добар успех, во вид на чај, при пролив и грчеви кај добитокот. Ајдучката трева (Achillea millefolium), припаѓа на групата на најзастапени растенија на пасиштата, ливадите, покрај патиштата, во грмушките и светлите шуми, од низините до предпланинските области.

Таа е карактеристична за сува и умерена почва, одлично поднесува суша и е отпорна на газење. Тоа е зелјесто повеќегодишно растение со високо развиени и разгранети подземни делови, со височина од 30 до 80 см, со ароматичен мирис поради содржината на етерични масла. Стеблото е исправено и влакнесто, прекриена со мноштво двојни или тројни перести листови. На малата глава на бели или розови цветови кои се собирани во густи купки на врвот на стеблото. Растението цвета од јуни до октомври. Тоа содржи горка супстанција ахилеин, флоботанин, етерично масло со моно и сесквитерпени, инулин, танин, разни смоли, аспарагус, каучук, флавоноиди и салицилна киселина. Тој е богат со разни минерали (калциум, железо, натриум, фосфор и сулфур), особено калиум, потоа витамин Ц, а хлорофилот содржи супстанција слична на витамин А. Ајдучката трева има антибактерискао и антиинфламаторно дејство. Значително количество на калиум (во корелација со другите лековити супстанции) ја поттикнува добрата функција на бубрезите. Исто така, содржи и гликопротеини и некои непознати хемиски супстанции кои исто така силно делуваат при воспаленија.

Во традиционалното одгледување на подмладок од живина, ајдучката трева заедно со копривата се најчесто користени растенија. На живината му се даваат исецкани млади и нежни ливчиња, кои се собираат од крајот на февруари до јуни, и потоа повторно во септември и октомври. Вака се зајакнува нивниот организам, се зголемува отпорноста и значително се намалува склоноста кон разни болести. Исецканите листови треба да се измешаат со влажна пченкарна смеса. Со стареењето (после цветањето), растението станува премногу горко. Со редовно косење на тревата, можете да осигурате млади и свежи лисја за исхрана на живината.

Ајдучката трева, исто така, може да се користи како исхрана за живината и во текот на зимата. Растението треба да се исече со остар нож на должина околу 25 см, а потоа се врзуваат во мали снопови, се оставаат да висат под сенка и на воздух, за да се можат да се исушат колку што е можно порано и да ја зачуваат природната боја. При сушењето, треба да се внимава бидејќи листовите се дробат и паѓаат и ќе остане само цврстото стебло. По правило, се сечат само младите делови од стебла со гранчиња, листот и цветот. Исушените цветови и листови, треба да се исечат и да се измешаат во мека храна. Понудена во таква форма, ајдучката трева помага да се зачува здравјето на респираторниот систем кај живината. Спроведени се и научни истражувања, за да се испитаат ефектите на лековитото растение врз дигестивниот тракт на живината при интензивно фармерско одгледување.

“Резултатите од овие истражувања покажале дека употребата на Ајдучката трева само во количина од 3%, може да го намали нивото на липидите во серумот и да го стимулира имунолошкиот одговор кај кокошките за тов. Предложено било дека ајдучката трева може да се користи како алтернатива на антибиотици со докажана антимикробна и антигабична активност. Употребата на лековитото растение, резултирало со стимулација на имунолошкиот систем, на пример, преку зголемена активност на витаминот Ц. Според резултатите добиени од другите истражувања, било откриено дека екстрактите од ајдучката трева и тимјанот биле ефикасни против Њукастел-овата болест. На еден од чешките универзитети, ги откриле позитивните ефекти на ајдучката трева, како додаток во исхраната на бројлери со оглед на оксидацијата на масните киселини при ладењето на месото. Исто така, се дошло до сознание дека додавањето на ајдучка трева во исхраната на живината, воопшто не влијаае на вкусот на месото “.

„Современо Земјоделство“


Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *