Се дозна потеклото на ГМО соините шницли, се истражува оризот

Соините презли и шницли кои првичните испитувања утврдиле дека содржат генетски модофицирани организми, се на компанијата „Виталиа“, а по потекло од Србија. Со ГМО била откриена количина од 510 килограми, а серијата е повлечена од продажба, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.

Share
Прочитај повеќе

Препораки за заштита од топлотeн бран

Пред употреба задолжително треба да се мијат свежиот зеленчук и овошје, и да се прави термичка подготовка на храна и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на четири степени, а пред употребата да се загрее на 100 степени.

Share
Прочитај повеќе

Препораки од АХВ за заштита на добитокот и милениците од топлото време

– Температурите над 30 степени за секое животно се голем стрес што може да се манифестира со намалено консумирање храна, зголемена потреба од вода, намалено производство на млеко и слаб прираст. Ако  животните се држат во несоодветни услови може да дојде до појава на топлотен удар, а ако се директно изложени на сонце, до сончаница. Во двата случаја исходот може да биде фатален доколку не се делува на време, предупредува Агенцијата.

Share
Прочитај повеќе

Во Македонија влегуваат нови тутунски производи

На македонскиот пазар конечно ќе има понуда на нови тутунски производи. Ќе се продава тутун за водено луле (за наргиле), тутун за џвакање, тутун за шмркање и несогорлив тутунски производ. За овие тутунски производи ќе мора да се плаќаат акцизи, кои се со различна висина и ќе се менуваат од година во година.

Share
Прочитај повеќе

34 литри пиво во просек по човек произведени во Македонија

Според Евростат, имаме производство од 34 литри пиво по човек, што е не е ни блиску до европскиот просек.

Share
Прочитај повеќе

Во Македонија „протнати“ генетски модифициран ориз и соини шницли

– Оризот е  произведен од увозно семе и најден во магацин на операторот. Ставен е под официјален надзор и ќе биде уништен. На операторот со храна му е изречена парична казна, 5.000 евра во денарска противвредност за субјектот и 1.700 евра за одговорното лице, вели Атанасов. 

Share
Прочитај повеќе

Новиот закон за акцизи предвидува производство на најмногу 1000 литри чист алкохол годишно

Земјоделците кои од овошје и грозје произведуваат жестоки алкохолни пијалоци ќе смеат во текот на годината да произведат најмногу 1.000 литри чист алкохол. Ова е дел од новиот Закон за акцизи кој веќе е објавен, а со кој и земјоделците кои прават ракија дома која ја продаваат стануваат акцизни обврзници. Според предложените измени, на произведената количина се плаќа акциза од 30 денари по литар жесток алкохолен пијалок со просечна јачина од 45 отсто.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски

– Кај пет оператори со храна утврдивме дека не ја декларираат употребата на живинско месо, а го ставаат во ќебапи или плескавици. Сега тоа го стопиравме. Направивме контроли директно во продажба кога првпат го утврдивме ваквиот пропуст. Земавме мостри од месото во маркетите, а резултатите што ги добивме од ДНК анализата за потеклото, од кој вид животно е, беа позитивни. Се потврди дека во тие производи е употребено живинско месо – рече Атанасов.

Share
Прочитај повеќе

Агро – Метео

Во четврток особено во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи повеќе во јужните и западните делови од земјата, а зголемената облачност ќе остане и во ноќта кон петок.

Share
Прочитај повеќе

Отштета од косовската царинска блокада ќе добијат само тие што имаат доказ дека се оштетени

Единствен начин за да се дојде до некакво обесштетување нуди Законот за земјоделство и рурален развој. Доколку некој земјоделец се одлучи за таков потег, Бирото за судски вештачења треба да направи проценка за настанатата штета.

Share
Прочитај повеќе