Авионското засејување НЕ ВЛИЈАЕ да нема дожд, напротив, градот се претвора во дожд

Вести

Се почести се критиките на земјоделците и апелите на социјалните мрежи да се запре мерката против град со авионско засејување на облаците бидејќи тоа наводно спречувало појава на дожд?!

Директорот на УХМР, Ивица Тодоровски појаснува дека авионското засејување нема влијание врз појавата на дожд туку напротив градот се претвора во дожд.

-Градоносните облаци се засејуваат со реагенс на база на сребро јодит откако ќе бидат детектирани од нашите радарски центри во Тополчани и Ѓуриште. Ова влијае исклучиво само како начин зрната град толку да се намалат и да преминат во течна состојба односно дожд. Значи никако не може на овој начин да се создаде дожд ако нема град или пак да се влијае да не заврне. Напоменувам дека реагенсот е истиот што се користи во нашата земја 40 години и секаде во светот и е 100% еколошки – вели за Агротим, Тодоровски и додава дека досега има 85% успешност во оваа работа што е над просекот во светот.

Најгласни на оваа тема се земјоделците од Општина Долнени каде следната недела ќе се организира средба со директорот Тодоровски за подобро запознавање со мерката засејување на градобијните облаци.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *