Кратка сторија на Al Jazeera Balkans за искуствата на корисниците на ИПАРД 2
Апсорбцијата на средствата од ИПАРД 2 бележи рекордни бројки, а наскоро Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе го објави првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата, информира директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – Никица Бачовски.
Со тоа, Северна Македонија ќе биде првата држава од сите корисници од регионот која ќе започне со имплементација со ИПАРД 3- уште еден огромен успех кој е резултат на посветеноста на службите и институциите.