Бачовски: Во село Оризари пуштен во употреба новиот патен правец Оризари – Туристичка населба Добра Вода, 12 милиони денари грант од АФПЗРР

Вести

Вчера во село Оризари го одбележавме пуштањето во употреба на новиот патен правец Оризари – Туристичка населба Добра Вода.

Оваа инвестиција вредна 12 милиони денари е финансирана со грант од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Како корисник на средствата се јавува Источно планскиот регион со користење на мерката за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.

Со овој патен правец се подобрува пристапноста до манастирот Пресвета Богородица, со што освен инфраструктурен карактер, оваа инвестиција има и признак на развој на руралниот туризам и зачувување на традиционалните вредности.

Имплементацијата на проектот ја акцентира и афирмира одличната соработка на релација централна – регионална – локална власт.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *