Бачовски: Ајхан Јашаров од Тополница преку мерката 113 има набавено млин за мелење жито, преса балирачка, лента за товарање бали, молзачка за кози и пумпа за наводнување

Вести

Директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, во текот на вчерашниот ден го посети семејството Јашарови од село Тополница, Радовиш.
„Целото семејство се занимава со земјоделство и сточарство, односно обработуваат над 50 ха земјоделско земјиште и одгледуваат 1200 овци и 50 кози.

Ајхан Јашаров е добитник на мерката 113 од програмата за рурален развој преку кои има набавено млин за мелење жито, преса балирачка, лента за товарање бали, молзачка за кози и пумпа за наводнување.

Оваа инвестиција е поддржана од АФПЗРР во вид на грант од 100%.

Ваквата финансиска поддршка е стимул за младите луѓе за да ја продолжат семејната традиција во производство на храна.“, вели Бачовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *