BIMFOOD doo со капацитет за преработка и замрзнување на роба од 8000 тона годишно

Вести

Во 2007 година фамилијата Биќанин, со повеќе од 25 години работно искуство во Балканското подрачје, основа компанија под името БИМФУД ДОО во Прилеп, Македонија.

Во 2015 година GIACOMINI SRL, компанија со седиште во Милано од 1900 година, станува партнер на BIMFOOD.

Македонија има совршени климатски услови за раст на сите шумски плодови и зеленчук.

BIMFOOD исто така собира значително количество печурки, врши целосна обработка и извезува кон крајниот потрошувач.

Како локација избран е градот Прилеп поради потенцијалната работна сила, логистичките предности и позитивната економска клима.

Денес BIMFOOD doo е модерна компанија, обучена и опремена за преработка на шумски плодови, овошје, зеленчук и печурки и за обезбедување разни услуги во зависност од потребите на своите клиенти на најпрофесионално ниво.

BIMFOOD doo е сертифициран IFS систем од 2014 година.

Mushrooms – Porcini, Boletus edulis

Долга работна традиција и модерна технологија на преработка и пакување, ја прават компанијата “BIMFOOD” d.o.o. една од лидерите за собирање, преработка, пакување и дистрибуција на печурки и останатите шумски плодови во реонот на Македонија и Балканот.

Во 2012 година BIMFOOD doo. се проширува и инвестира во најмодерна технологија за брзо замрзнување на производи (IQF) со набавка на проточен тунел со капацитет 2500 kg/h.

Исто така изграден е и нов погон од 850 m/2,  а се прошири и можноста за чување на замрзнати производи до 1000 тона роба со контролирана температура од -20C. Инвестицијата содржи и нова линија за преработка на пиперка, вишна, слива, кромид, тиквиња, црн домат, домат и останати овошја и зеленчуци.

Капацитетот на преработка се зголеми на 8000 тона замрзната роба на годишно ниво.

“BIMFOOD” d.o.o. е синоним за квалитет и автентичност, благодарение на вниманието во барање на најквалитетна суровина како и нејзина преработка со најмодерна технологија.

Компанијата денес работи и со давање на следните услуги: замрзнување, складирање, пакување и дистрибуција на производи за домашни и странски клиенти.

Главни производи:

Печурки – свежи, суви, замрзнати и саламурени: врѓањ, јајчарка, лисичарка, руиница, ливадарка, смрчак, црна труба

Овошје – боровинки, капинки, малини, шипка, јагода, црна слива, вишна, костен

Зеленчук – пиперки, кромид, домат, црн домат, тиквиња

SANYO DIGITAL CAMERA

Со новата инвестиција компанијата успеа нагло да го зголеми извозот и количинската преработка на робата.

Денеска BIMFOOD doo.  откупува и преработува преку 4000 тони роба, врши услуги на преработка и замрзнување за домашни партнери од преку 1000 тони роба.
Меѓутоа со новата инвестиција, вкупниот капацитет за преработка и замрзнување на роба е 8000 тона на готов производ на годишно ниво.

Развојот на преработувачкиот капацитет доведе до ширење на пазарот на кој настапуваат.
Денеска BIMFOOD doo. е застапен на скоро цел Европски пазар, а нивната цел е да се прошират и во Русија, Англија, Америка, Канада итн.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *