Сесија посветена на НП Шар Планина на Светскиот самит за конзервација на природата

Вести

Во павилјонот на Европската Унија во рамки на Светскиот конгрес за конзервација на природата во Марсеј, беше организира посебна сесија посветена на националниот парк Шар Планина, како дел од Европскиот зелен појас.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ги сподели плановите за ова ново заштитено подрачје и предизвиците во прогласувањето на првиот Национален парк во земјата по преку 60 години, со што, како што велат од МЖСПП, се создаде најголемото прекугранично заштитено подрачје во Европа.

-Македонскиот дел од Шар Планина е во срцето на оваа прекугранична заштитена област и беше последната алка од балканскиот дел на Европскиот зелен појас со која го обезбедуваме опстанокот на исклучителни ендемични видови. Заедно со останатите природни убавини и заштитени подрачја, Република Македонија се претвора во топ дестинациите за еко-туризам со огромен потенцијал за одржлив развој, истакна министерот Нуредини со публиката. /МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *