Николовски за ТВ Стар: Годинава минимум 30 милиони евра за првиот повик од ИПАРД 3 за нови инвестиции во земјоделството

-Земјоделството треба да се остави надвор од политиката особено од партиските влијанија заради било чии интереси. Оваа година ќе биде година на контроли, година во којашто ќе има зајакнати контроли секаде, и во ветеринарните друштва, заради тоа што детектиравме пропусти, субвенциите мора да завршуваат кај вистинските земјоделци, рече министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Блерим Бесими со признание за „Најуспешен производител на квалитетни јаболка во Преспанскиот регион“

-Ова признание посебно ми значи, затоа што кога толку многу се трудиш и работиш и кога некој ќе те повика да ти каже дека признанието е твое, чувството е неопишливо. Вакви признанија добивал и мојот татко и мојот дедо, и среќен сум што го продолжувам ланецот на успеси, истакна Бесими.

Share
Прочитај повеќе

Ленче Николовска: Руралното може да биде и модерно и доходовно

Животот на село, во природа, во викенд населби, допрва ќе станува тренд во ЕУ и во светот, затоа и мојата кампања се вика „Рурално е модерно“, вели Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Кулевска: Со СН Осигурителен Брокер добивате пријатели и партнери во работата

-За поздравување е таа финансиска поддршка од МЗШВ од 60% од вредноста на полисата, која многу им значи на сите земјоделци. За остатокот, односно 40% од износот на осигуреникот, од вкупната премија, нудиме големо олеснување, со тоа што овозможуваме плаќање на 12 рати без камата, истакна Кулевска.

Share
Прочитај повеќе

ИНТЕРВЈУ со Набил Ганџи, заменик регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија: ФАО е посветена на ефикасна поддршка на развојот и климатската отпорност на македонското земјоделство

Набил Ганџи, заменик регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија говори за поддршката на ФАО во Северна Македонија. Тој е одговорен за развојот и имплементацијата на Програмата на ФАО за земјата, поддржувајќи ја комуникацијата и соработката помеѓу ФАО, Владата на Северна Македонија и сите клучни национални и меѓународни партнери.

Share
Прочитај повеќе

Пачешкоски: ПЕ Прилеп активно и посветено се залага за создавање успешни и конкурентни земјоделци

-Ние сме најголемата подрачна единица во државата, со над 15.000 евидентирани земјоделци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Не е лесно да се води оваа функција, но затоа е голем предизвик, ние да ги направиме позитивните и потребните промени за пристојна професија и пристоен живот, нешто што земјоделците една деценија го немаа, истакна Пачешкоски.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Заедно со тимот ќе се фокусираме на успешно реализирање на започнатите проекти

-Нормално дека има разлика од позицијата соработник и прв човек на министерството, но има и предност а тоа е дека сум запознат со целокупната состојбата во секторот, со институцијата, со секоја мерка, политика и проект, што е олеснителна околност во насока на успешно продолжување на сето она што го започна претходниот министер, Љупчо Николовски, истакна Димковски во ексклузивно интервју за печатеното списание „Современо Земјоделство.

Share
Прочитај повеќе

Интервју со Љупчо Николовски за сите досегашни успеси и новите предизвици

-Изминатите две години ми беше голема чест да ја извршувам функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и особено ми е драго што започнавме и реализиравме многу крупни проекти, важни за развојот на земјоделството. Од новиот министер очекувам и му порачувам, успешно да ги продолжи започнатите мерки и проекти, подготвките на целокупниот сектор за отворањето на поглавјата за земјоделство важни за прептристапниот дијалог со ЕУ, и секако да ја продолжи отворената комуникација со земјоделците и со сите чинители во секторот, затоа што само така може да создадеме модерно и конкурентно земјоделство кое ќе биде стожер на нашата економија, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Интервју со министерот Љупчо Николовски на Сител телевизија

Погледнете го интервјуто на министерот за Земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на телевизија Сител, денеска во дневникот во 16:00 и во 19:00 часот. Ќе зборува за новите мерки за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, за исплатата на субвенциите и бенефитите од Програма за наводнување на јужниот дел на реката Вардар.

Share
Прочитај повеќе

Александар Ќулумовски: Оваа година имав дупла среќа – и “Ипард” и “Млад Земјоделец”

-Најбитно за нас земјоделците е да имаме сигурен откуп. Другото го можеме сами. Јас како млад земјоделец многу сакам да бидеме дел од ЕУ и Нато. Замислете, кога една Албанија и Бугарија преку ноќ направија подем во земјоделството, колку можеме ние да постигнеме. Јас живеам во близина на градот Корча. Таму има на секој чекор ладилници за јаболката. Во месец март и април ги отвораат, посебно за сортата Црвен Делишес и добиват многу повисока цена. Нас токму тоа ни треба за конечно да ни тргне работата напред, истакна Ќулумовски.

Share
Прочитај повеќе