Како да спречите канибализам кај свињите?

Вести Совети

Што е канибализам кај свињите и како се јавува? Дали има превентивни мерки за да се спречи тоа? За детали за овој проблем, прочитајте го следниов текст.

Канибализам се јавува кај поголемите цицачи, одгледувани во интензивни услови. Тоа претставува промена во однесувањето, поради интензивното долгорочно влијание на различните негативни фактори на животната средина. Промените се манифестираат со гризење на опашката, ушите или јадење на нивните прасиња.

Канибализмот произлегува од: пренатрупаност, лоша хигиена, микроклиматски услови, неадекватна исхрана, присуство на паразити, инфективни болести и промена во однесувањето. Интензитетот на симптомите зависи од многу фактори кои делуваат истовремено, нивниот интензитет и должината на делувањето. Со оглед на тоа дека симптомите се јавуваат најпрво кај едно, па кај помај број грла во групата, извесно е дека не се исклучува ни генетскиот фактор.

Во некои случаеви, пред појавата на канибализмот, свињите покажуваат настран апетит, немирни се, шкрипат со забите, ја гризат оградата итн. После оваа појава, тие почнуваат да им ги гризат опашките и ушите на другите свињи, што на почетокот изгледа како игра, а покасно тоа се претвора во борба.

Кај нападнатите животни, се забележуваат откинати делови на опашки, уши или цела опашка, а можат да се заприметат промени и на другите делови од телото.

Превентивни мерки за спречување на канибализам кај свињите:

  • Лоцирање на свињата со пореметено однесување (која гризе) и отстранување од групата
  • Повредените животни да се издвојат во посебни боксови и раните да се третираат со одредени ефикасни средства со продолжено делување
  • Да се разредат групите на свињи, доколку се појави канибализам
  • Доколку канибализам се појави во групата на свињи кои имаат симптоми на некоја болест (пролив, кашлица, шуга), да се пристапи кон санирање на заболените животни
  • Хигиената во објектите да се сведи на повисоко ниво и да се внимава на количеството на амонијак
  • Микроклиматските услови (влажност, температура, струење на воздухот) да се прилагодат спрема групите на животни
  • Ставање на ланци во боксовите каде се појавил канибализам,  како и додавање на сено од луцерка или друг извор на сирови влакна, која може да биде од корист при првата фаза на болеста

Внимавајте на општата состојба на свињите во групата. Секогаш обидувајте се да им овозможите доволно место и хигиената да биде на високо ниво.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *