Брзата храна го намалува откупот на јагнешко во Италија

Вести Сточарство

Сточарите очекуваат вкупниот извоз пред Велигден да достигне максимум 150.000 грла што е намалување во споредба со лани кога беше 200.000.

– И оваа година нашето јагне најмногу се бара на италијанскиот пазар. Традиционално се извезува и во Хрватска, а според наши сознанија, се бараат одредени количини и во Турција. Цената е ниска, не може да ги покрие производните трошоци. Во однос на пласманот, сметаме дека влијаат два фактора: тоа што Велигден годинава е малку поблиску и јагненцата не се пораснати за продажба. Тоа плус влијае и на цената. Второ, бројот  на овци стагнира, не оди нагоре. Се повеќе се напуштаат трлата зашто тешко се наоѓаат овчари, сите бегаат. Овчарската работна рака е многу скапа, не се наоѓаат луѓе, изјави претседателот на здружението на сточари „Даши“ од Дебар Скендер Аме.

Аме имал 700 – 800 овци, но годинава фондот му е намален на 500.

За да биде исплатливо производството, треба да биде најмалку 160 денари за килограм. Нам ни се нуди помалку зашто не сме членка на ЕУ. Италија ни ги царини нашите грла, поради тоа и ни ја намалува откупната цена. Сепак, го бараат нашето јагне зашто е најкавлитетно, објаснува Аме.

Според него, интересот за јагнето се намалува и зашто потрошувачите, посебно младите, се почесто јадат брза храна. Едноставно, ги мрзи да подготвуваат традиционални јадења, немаат време да купат, па уште и да го печат јагнето.

– Италија, но и генерално, другите земји, земаат помалку јагниња зашто младите веќе не сакаат традиционална храна. Трчаат по хамбургери, по суви јадења. Тешко им е да спремаат. И тоа влијае на продажбата, ја намалува. Ист е случајот и со нас, тука, во Македонија. Младите се почесто избегнуваат традиционала и јадат сува храна, смета Аме.

Крајниот рок за откуп на велигденското јагне за италијанскиот пазар е 23 март зашто се потребни десет до недела дена за да се заколат и транспортираат.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *