Од утре почнува повратот на персоналниот данок за земјоделците, ќе се исплатат 80 милиони денари на 17.000 земјоделци
„Персоналниот данок ќе им биде вратен на сите оние земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност, и коишто оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари. Оваа исплата е за приходите остварени до крајот на 2018 година. Овие пари ги враќаме директно кај земјоделците, што во текот на 2018 година оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари, како дополнителен приход, за да ги реинвестираат и да го зголемат производството“, изјави министерот Димковски.
Прочитај повеќе
