Анѓушев и Николовски: Jасна регулатива, повисока свесност и високо ниво на професионалност потребни да се подобри состојбата во осигурувањето во земјоделскиот сектор

-Иако трендот е во пораст не може да бидеме задоволни, затоа што оваа алатка мора да ја градиме заедно и да функционира  кај поголем број земјоделци, особено ако имаме предвид дека има околу 70 илјади земјоделци и регистрирани земјоделски стопанства. Разгледуваме два странски модели за развивање на осигурувањето, турскиот и шпанскиот кои би можеле да се применат кај нас“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

До 25 декември поднесување барање за субвенции за откупено грозје

-Ќе се трудиме пред Свети Трифун, кога се закројува лозјето и  кога им требаат парите на лозарите. Се работи за 80 милиони денари ако се 80 милиони килограми. Ги чекаме апликациите до 25 декември, и на почетокот на февруари ќе ги исплатиме парите. Планирани се во Буџетот кој е веќе проектиран за 2019 година, рече Заев.

Share
Прочитај повеќе

Склучени се 40 договори за реализација на проектот за Градење на основи за реформи во тутунскиот сектор

Склучени беа 40 договори од регионите, Радовиш, Битола, Велес,Прилеп, Демир Хисар и Крушево. Пилот активностите во зависност од регионот ќе бидат насочени кон производство на контејнерски расад за тутун, сушари за тутун за подобрување на процесот на сушење на тутунот, анализа и истражување при производството на тутун како и диверзификација на култури односно засадување на површини со луцерка, афион, стевија, ароматични растенија и пипер.

Share
Прочитај повеќе

Конференција за осигурување во земјоделството

Ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски.

Share
Прочитај повеќе

Македонски вина претставени во САД

Македонски вина минатата недела, покрај промоцијата што ја имаа во Сингапур, беа претставени и на промоција во САД, а на почетокот на ноември ќе се промовираат во Данска. Претставувањето на вината е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанаство во соработка со здружението „Вина од Македонија“.

Share
Прочитај повеќе

Со мерките од Програмата за рурален развој, се обезбедува достоинствен живот за граѓаните од сите рурални средини

Претставници на Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој, предводени од директорот Николче Бабовски и заменик директорот Авдул Селам Селами, одржаа работен состанок со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и нејзините соработници.

Share
Прочитај повеќе

Интензивно се гради хидросистемот Конско, ќе се обезбеди наводнување на 8.000 хектари плодно земјиште

Во моментов во гевгелискиот регион има вода за наводнување на само 1.500 хектари. Со изградбата на три подсистеми на оваа брана ќе се наводнуваат околу 8.000 хектари плодно обработливо земјиште. Изградбата на овој хидросистем претставува најголем инфраструктурен зафат во овој регион изминативе 50 години. Висината на оваа инвестиција изнесува 40 милиони евра, обезбедени од буџетот на МЗШВ.

Share
Прочитај повеќе

Рокот за аплицирање за субвенции за млеко истекува на 5 ноември

Покрај млекото, на 5 ноември 2018 година завршува и рокот за поднесување барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од први мај до 30 септември 2018 година. Висината на поддршката е 100 денари за купена и внесена несилка во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца.

Share
Прочитај повеќе

Во ноември ќе се објави Ипард 2 огласот

На сите земјоделски стопанства и преработувачки капацитети, им се дава подготвителен период за прибирање на потребната документација за изработка на апликации за поднесување на барања за добивање на финансиска поддршка од ИПАРД 2 Програмата.

Share
Прочитај повеќе

Одложен стартот на есенската сеидба во Пелагонија

-Врнежите од дожд кои беа забележани на почетокот на минатата недела, од околу 10 литри на квадратен метар, беа недоволни за да овозможат соодветна обработка на почвата. Заради сушата земјата тешко се обработува и ги зголемува производните трошоци, истакна Зоран Бардакоски, раководител на одделение во АПРЗ-Битола.

Share
Прочитај повеќе