Со мерките од Програмата за рурален развој, се обезбедува достоинствен живот за граѓаните од сите рурални средини

Вести

Претставници на Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој, предводени од директорот Николче Бабовски и заменик директорот Авдул Селам Селами, одржаа работен состанок со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и нејзините соработници. На состанокот се разговараше за подобрување на соработката на овие две финансиски институции, а беа разгледувани и повеќе прашања кои се од интерес на успешна имплементација на Програмата за Рурален развој, а воедно беа разгледувани и можностите за размена на информаци помеѓу овие две институции.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски вели дека Единиците на локалните самоуправи преку Програмата за рурален развој, им се обезбедува поквалитетен живот за граѓаните и тоа воглавно преку три мерки:

Парите од Мерката 321, можат да ги користат за поврзување на пат со регионален или локален пат од 5 до 7 км, изградба на водовод и канализација, изградба и обнова на младински културни центри, добиточни пазари и друго.

Преку Мерката 322, средствата може да се искористат за реконструкција, или изградба на селски улици, изработка на Детални урбанистички планови, реконструкција или изградба на плоштади.

Со средствата од Мерката 323, може да се градат патишта за поврзување со објекти од културно, или значање за животот на граѓаните, како и инфраструктурно поврзување со објекти од културното наследство, уредување на излетнички места, и озеленување на површини покрај природни езера или магистрални патишта во Рурални средини. “

„Согласно правилата на Повикот, финансиската поддршка е 100 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестицијата без ДДВ. Општините сами си го покриваат Данокот на додадена вредност. Оние општини кои имаат започнати или веќе завршени проекти од претходни години и повици треба да го имаат подмирено данокот на додадена вредност“-истакна Заменик директорот Авдул Селам Селами.

„Со помош на ваквите проекти, средствата што преку даноци граѓаните ги уплаќаат во државната каса преку нови проекти повторно ќе се вратат кај граѓаните во форма на подобри услови за живот “-истакна директорката на УЈП, Сања Лукареска.

Со помош на овие средства се обезбедуваат нови капитални инвестиции за општините. Ќе се решат проблемите со патната и комуналната инфраструктура, ќе се подобри квалитетот на животот за граѓаните во руралните средини.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *