Агро – Метео за ноември

Се очекуваат температури во интервал од 22 до 28 степени, а во централните и во југоисточните делови на Македонија, тие ќе се искачат до 30 степени.

Share
Прочитај повеќе

Заврши жетвата на ориз во кочанско

По прибирање на реколтата очекуваме да видиме каков ќе биде рандманот, односно колкави количества бел ориз ќе се добијат по лупењето, иако има најави дека овој сооднос ќе биде повисок во споредба со минатите години, истакна Горан Миладинов, раководител на Подрачната единица за земјоделство во Кочани.

Share
Прочитај повеќе

Голем интерес за огласот Млад Земјоделец во Општините Битола, Могила и Новаци

-Вкупно 181 апликација е направена преку службите на Агенцијата за поттик и развој на земјоделството. Земјоделците најмногу аплицираа за приклучна механизација за после бербени активности, за опрема за преработка на  земјоделски производи, но имаше и такви кои аплицираа за набавка на високо стелни јуници, пчели и опрема за пчеларство, – истакнаа од АПРЗ, дирекција Битола, во разговор за Современо Земјоделство.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски договори соработка во областа на земјоделството со амбасадорот на Чешка

– На средбата констатиравме дека потенцијалот за соработка меѓу двете земји во областа на земјоделството е голем, но генерално не е искористен. Македонија како извозник на земјоделски производи, а Чешка како производител на трактори и други машини и опрема имаат основа за понатамошни разговори, што е добра основа за зголемување на трговската размена, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Промоција на македонски вина во Сингапур

Со звуците на македонскиот кавал, под слоганот „Богатство од стариот свет“ денеска и во следните два дена со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се одржи промоција на македонските вина во Сингапур. На промоцијата се присутни сомелиери и претставници од најголемите дистрибутери на вино од Азија, што претставува добра можност за зголемување на извозот на македонското вино.

Share
Прочитај повеќе

45 лица од Неготино и Демир Капија аплицирале за грант за млади земјоделци

Четириесет и пет лица од Неготино и Демир Капија аплицирале за грант за млади земјоделци, во висина до 600 илјади денари неповратни средства.

Share
Прочитај повеќе

1045 апликации за огласот „Млад Земјоделец“, двојно повеќе од лани

-Оваа година имаме 1045 апликации за мерката „Млад земјоделец“, речиси двојно повеќе од лани. Наша цел е да ги задржиме младите тука и да ги поттикнеме да отворат свој бизнис. Денеска во с.Оризари имав можност да видам како се развиваат новите мали агро бизниси и многу сум среќен дека успешно работат, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Едукативна работилница посветена за есенската сеидба и начините на ѓубрење во организација на здружението за земјоделци „Современо Земјоделство“

-Сите знаеме различни начини на обработка на земјата, но сите главно се задржуваат на старите технологии. Јас препорачувам, сега за подготовка на есенската сеидба да не орате, само да подривате. Тоа е најпотребно и најефикасно, верувајте. Јас работам на тој принцип и тука и на моите земјоделски површини во Бугарија. Исто така, пченката ја одгледуваме без наводнување, истакна Стоименов пред присутните кои со големо внимание го слушаа, воодушевени од неговото широко познавање.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Следи инвестиција во голем откупно-дистрибутивен центар со инвеститори од Италија

-Продолжуваат разговорите за инвестиција во голем откупно-дистрибутивен центар во Република Македонија, со техничка поддршка на центарот “Agroalimentare” од Рим и потенцијални инвеститори од Италија, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски и Бабовски денеска ќе одржат прес конференција за огласот Млад земјоделец

Во велешкото село Горно Оризаре, денеска ќе се одржи прес-конференција во врска со завршувањето на јавниот повик за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за млади земјоделци.

Share
Прочитај повеќе