Целер – засадете го во дворот за имунитет и добро здравје

Вести Градинарство Совети

Целeрот ( керевис ), е култура која поднесува или издржува ладни периоди и ниски температури во текот на зимскиот период. Ако не се очекува замрзнување на почвата, не брзајте да ги соберете. Кога почнувате да ги собирате, внимавајте да не ги оштетите. Кореновите култури се засадуваат, кога ќе им израстат листовите до челото. Исто така се сечат и кореновите гранки. Ако сакате да ги чувате во подрумот, тие треба да се наредат еден до друг и речиси целосно да се наполнат со песок. Можете да ги оставите и во леата , но мора да ги покриете со земја, дебел слој од ѓубриво или лисја. Исто така, земјиштето околу нив не треба да замрзне. Најдобро е овие коренови култури да се одгледуваат под добра агро-технологија. Поголеми количини се чуваат во ровници како морковите и други коренови култури.

За да добиете поголеми коренови култури, ставете го расадот плитко во земјата. Горниот дел на коренот мора да биде над површината на почвата. Потоа се формира до половина вкопан во неа и на есен расте голем и мазен. Кога одгледувате целер, избегнувајте ѓубрење со свежо ѓубриво, затоа што предизвикува силен раст на листовите на сметка на кореновите култури. Минералните ѓубрива поефикасно работат во присуство на органска материја во почвата. Целерот се собира од средината на август до крајот на есента. Бланшираните растенија се сечат под основата на листовите, исчистени од почвата и оштетени лисја и внимателно се редат во кафез. Се чуваат на ладно.

Придобивки при консумација на целер во исхраната:

Древните народи одамна знаеле за благодетите на целерот и неговата исцелителна моќ.

Денес, поради специфичниот вкус, многумина го користат ова растение како додаток во салати и супи, а за неговата вистинска вредност се знае многу малку.

Целерот е вистински борец за имунитет, содржи витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц, Е, К, како и железо, калциум, магнезиум и цинк.

Благодарение на  неговиот состав, целерот го зајакнува имунолошкиот систем, правејќи го организмот отпорен на болести.

Коренот од целерот помага при анемија, го намалува прогресот на онколошките заболувања, помага кај бубрежни и срцеви заболувања.

Целерот е идеален за оние кои имаат брз начин на живот и не внимаваат на здравата исхрана, а помага и за намалување на телесната тежина.

Неговата лековитост доаѓа до израз при разни хормонски дисфункции ( нарушувања предизвикани од менопауза, неплодност, алергии ), како и во борбата против дијабетес, ревматизам и артритис.

Може да го конзумирате свеж во салати или како сок подготвен на следниот начин:
Во соковник ставете 2 дршки од целер, 1 излупена и исчистена круша и 1 излупено јаболко.
Течноста се пие 1-2 чаши дневно.

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *