Корисни совети за да го зголемите приносот на млекото

Вести Совети Сточарство

Еден од најголемите непријатели на млечното стадо е маститис, што претставува воспаление на вимето на кравата. Тоа е најчестата болест која скапо ги чини фармерите, бидејќи предизвикува директни економски загуби преку намален принос на млеко, зголемени ветеринарни трошоци и лекови, додека абнормалното млеко или млекото загадено со антибиотици не може да се продава. Во некои случаи, дури и заболената крава треба да се угине ако маститисот стане хронично заболување кај животното.

©FAO/Liana Miuccio

Исто како и кај повеќето болести, најдоброто нешто што треба да направите е да ја превенирате и рано да ја откриете болеста. Најчестите симптоми на маститис се оток на вимето и црвенило, што лесно може да се забележи за време на молзењето. Од друга страна, има случаи, кога инфекцијата е невидлива со голо око. Овие случаи, таканаречените суб-клинички инфекции на маститис предизвикуваат исти проблеми на фармата. Одличен метод, за да се идентификуваат овие случаи, е да се користи Калифорнискиот маститис тест, кој може да се изврши за време на првото одмолзување. Прилично е лесно да се изврши овој тест на редовна основа, освен тоа, потребна ви е само лопатка со четири прегради и специјален реагенс, додека резултатите се брзи и прилично сигурни.

Превенцијата на болеста е исто така доста важна. Но, што може да предизвика маститис? Покрај неколку случаи, маститисот е предизвикан од микроби кои влегле во каналот на боската. За да го избегнете тоа, мора да ги намалите еколошките патогени во шталата со одржување на свежи, чисти постелки без ѓубриво, додека превенцијата исто така бара да се избегнат несоодветните практики на молзење, кои можат да предизвикаат ширење на заразни микроби.

Секогаш обидувајте се да ги молзете вашите крави во исти два термини од денот. Кравите сакаат да имаат дневен распоред, а тоа помага да се намали стресот, што може да има негативен ефект врз молзењето. Секогаш обидувајте се да се однесувате мирно околу кравите и обидете се да го намалите изворот на стрес, како кучиња или нови луѓе за време на молзењето. Ако е можно, можете да слушате радио, што не само што ви помага да работите, но исто така го намалува стресот на кравите предизвикан од гласни и ненадејни звуци, како што е лаење на кучиња, или звукот на гласниот трактор на вашиот сосед.

За да го намалите ширењето на маститисот, создадете ред во молзењето. Секогаш молзете ги прво здравите крави, а потоа оние крави кои имаат сомнителен здравствен статус (како ново купените крави или оние кои имале некаков лекарски третман). Кравите кои имаат хроничен маститис, треба да се молзат на крај. Во случај да имате болна крава, која има здравствени ефекти предизвикани од заразен патоген, секогаш молзете ја последна.

Започнете со молзење со чисти и дезинфицирани раце. Ако е можно, обидете се да користите гумени ракавици и обидете се да ги дезинфицирате рацете често за време на молзењето. Откако рацете ви се чисти, задолжително е да ги отстраните сите нечистотии и измет од вимето на кравата и да извршите санитација на боските пред молзење. Ова се нарекува подготовка пред молзење. Користењето само вода за чистење на боските не е доволно, бидејќи како се лизгаат капките вода, така и  валканата и контаминираната вода ќе остане токму на отворите на боските. Секогаш користете хемикалии за санитација и одделни хартиени крпи за секоја крава и целосно сушете ги боските со нив! Откако ќе ги дезинфицирате боските, направете одмолзување од сите четвртини на боската. Оваа практика значи одмолзување неколку пати на темна пластична површина. Ова е добар начин за откривање на раните знаци на маститис, додека бактериите можат да се измолзат од каналите на боската. Ако забележите згрутчување или ситни парчиња во млекото, тоа може да биде показател за маститис.

Подготовка на боските пред-молзење и претпазливост за време на одмолзувањето има двоен ефект. Го стимулира вимето, што резултира со подобро ослободување на млеко. Не само што можете да ја намалите појавата на маститис, туку и вашите крави ќе напредуваат подобро!

Користењето дезинфекција на боските после молзење е вообичаена практика во секторот млекарство. Хемикалиите не само што ги дезинфицираат боските по молзењето, туку создаваат и слој на површината на боската, кој делува како бариера и ги спречува патогените микроорганизми да го инфицираат вимето. Се разбира, овие средства за дезинфекција чинат пари. Но, секогаш имајте на ум дека овие средства за дезинфекција се поевтини, отколку економската загуба предизвикана од намалените количини на млеко или од цената на ветеринарните услуги или лекови.

За време на молзењето, каналот на боската се шири. Потребно е некое време по молзењето, додека да се врати во првобитната ширина. Овој отворен период е одлична можност микробите да го заразат вимето. Може да биде корисно, да се хранат животните по молзењето, бидејќи додека јадат, кравите стојат, па штетните патогени во постелката ќе бидат подалеку од вимето додека каналите на боските не се затворат.

Треба да посветите особено внимание на некои фактори, во случај да користите машини за молзење. Облоги и цевки се сметаат за потрошни делови, кои треба редовно да се заменуваат за да се одржи континуирано работење без проблеми. Во случај овие делови да не се заменат во потребните интервали, или ако не се користат соодветни детергенти за чистење, на површината на гумените делови се појавуваат мали дупки и пукнатини. Овие пукнатини се одлична подлога за ширење на микроорганизмите, предизвикувајќи маститис, додека пак е прашање на време кога овие делови ќе се расипат или скршат, што ја намалува ефикасноста на опремата. Покрај тоа, колку се постари облогите, толку е помала затегнатоста што може да резултира во побавно и нецелосно измолзување.

Соодносот на пулсирање е важен фактор за време на молзењето. Може да биде поефективно да се користат повисоки стапки на пулсирање (75:25 и 70:30) наместо стандардните (65:35), бидејќи повисоките стапки можат да го зголемат максимумот и просечниот проток на млеко, како и значително да го намалат времето на работа на машината. Од друга страна, одредени студии покажаа дека ваквите стапки на пулсирање можат да предизвикаат прекумерно измолзување, што може да доведе до лоша состојба на боските и зголемен број на соматски клетки на млекото, што е индикатор за маститис. Ова особено ќе се случи на предните боски, бидејќи тие се празнат побрзо, отколку задните. Внимавајте на црвените прстени околу боските по молзењето и имајте на ум: добрите работи доаѓаат кај оние кои чекаат!

Со воспоставување добра рутина на молзење, можете лесно да ги намалите случаите на маститис на вашата фарма. Ако посветите посебно внимание на деталите, можете рано да го забележите и третирате маститисот, што ќе биде корисно за вашиот џеб. Разбирањето на природата на факторите што ја предизвикуваат болеста може да ви помогне да имате здрави и продуктивни крави на вашата фарма. Затоа, консултација со ветеринарна лабораторија за откривање на овие фактори може да ви помогне исто така да ги утврдите точните аспекти со кои треба да се справите, на пример дали е во прашање рутината на молзење или околината (постелката) каде лежат кравите. Оттука, секогаш кога е можно, користете ги услугите на вашата најблиска ветеринарна лабораторија, како и на ветеринарите кои ги посетуваат вашите фарми.

Тибор Шуч

Консултант за производство на добиток

Регионална канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија

За повеќе информации, контактирајте: Tibor.Szucs@fao.org

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *