Цената на нафтата расте, ОПЕК и сојузниците не го зголемуваат производството

Вести

 

Цените на нафтата на светските пазари продолжуваат да растат и на почетокот на март, продолжувајќи го трендот што трае последниве шест месеци.

Членките на Организацијата на земји производители на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници се договориле да не го зголемуваат производството.

Аналитичарите очекуваа дека членките на ОПЕК ќе се договорат за барем мало зголемување на производството, а одлуката да нема зголемување брзо доведе до поскапување на нафтата.

На онлајн-состанокот на претставниците на државите членки на ОПЕК, Саудиска Арабија навела дека барем до април ќе продолжи со производство на нафта намалено за еден милион барели дневно, пренесува rs.n1info.com.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 5,2 отсто на 69,36 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 7,4 отсто на 66,09 долари.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *