Црви во плодот на црешата

Вести Овоштарство Совети

Со цел да се спречи црвосувањето на црешите, неопходно е да се познава, тој мал бел црв, со валовито тело без нозе со кафеава глава, кој се населува во внатрешноста на овошјето.

Плодот е повеќе или помалку изеден и загаден со изметот на црвот и често е неупотреблив. Малиот црв во овошјето понекогаш ги напаѓа и медитеранските плодови, особено во крајбрежната област. Црешовата мува е најголемиот штетник кај црешите. Возрасните форми се мали црни мушички, со еден пар на проѕирни крила, со 4 темно црни попречни пруги на нив. После зимата, кратко време по цветањето или оплодувањето, тие се појавуваат во самите плодови на црешите. По дополнителната исхрана и парењете, женките почнуваат да ги положуваат своите јајца на црешите, кои сега ја менуваат бојата во бледо жолта боја. Може да има поголем број на јајца во еден плод, но само еден црв обично останува.

Се храни со плодот од овошјето, кое го оштетува и загадува. Оштетените плодови се подложни на расипување, а да не споменуваме како повеќето од нас сакаат да консумираат сочни цреши без додатоци (без црви).

Да го додадеме ли фактот дека од овие муви најчесто страдаат подоцнежни видови цреши, додека раните сорти се поштедени. Оваа мушичка е и малку пребирлива и не и се допаѓаат малите и кисели рани сорти.

Црешите најрано цутат во пролет и затоа се изложени на бројни опасности како што се замрзнување поради падови на температурата, особено ноќните температури. Тогаш цветот замрзнува, а плод воопшто и не излегува. Дури и поголема штета ќе се појави ако за време на цветањето времето е влажно, тогаш на цветовите се развива габична болест монилија, од која цветот се суши. Затоа, добро е во време на цутењето на црешата, кога повеќето од цветовите се отворени, да се третира со фунгицид.

Но, постојат начини слатката цреша да се заштити од црешовата мушичка и нејзините ларви, мали црви. Тоа може да се направи со жолти лепливи плочки, кои се обесуваат на рабовите на стеблото, на сите страни, освен на север.

Уште од порано, утврдено е како одредена жолта боја привлекува голем број летачки инсекти. Тие се обложени со лепак и крилестите инсекти привлечени од жолтата боја се лепат на плочата. Тие ни овозможуваат да ја контролираме најраната појава на штетници на нашите цреши, но не само на нив, туку генерално во овоштарниците, растителни насади и украсни растенија и маслинови насади.

Со помош на плочките, најпрво ќе го идентификуваме летот на мушичките, возрасните штетници за да може навремено да се реагира со хемиска заштита. Лепливите плочи може да спречат повеќе напади од штетници, нивно механичко уништување, со тоа што ќе бидат уништени и за луѓето и за животната средина со прифатливи и безопасни методи. За механичко уништување на црешовата мува, на стеблото треба да се постават поголем број плочи, така што за средно до големо стебло можат да се обесат 5-10 големи плочи. Постојат 3 димензии на пазарот, големи 23 × 25 cm, средни 17 × 24 cm и мини плочи 12 × 7,5 cm во пакувања од 10 парчиња.

Според големината на овошјето или површината на насадот се користат големи или средни плочи, додека мини плочи се користат за саксии. Пакетот со големи плочи, содржи жици со кои на стеблата се врзуваат плочите или на арматура во насадот.

Плочите треба да се закачуваат на црешата, непосредно по завршувањето на цветањето, иако нивната боја не привлекува корисни пчели и други инсекти.  Плочите можат да привлечат и лисни уши, исто така се многу чести штетници на црешата, чија штета е од помала важност од црешовата мува.

Но, мораме да додадеме дека со употреба на механичкиот метод со употребата на жолти плочи не е секогаш можно да се спречи голем напад од црешовата мушичка. Во овој случај, мораме да пристапиме кон прскање и да употребиме еколошки прифатлив инсектицид, од сосема природно потекло, на база на далматински бухач. Добро е познато дека еден од најстарите инсектициди бил далматинскиот бухач, кој еднаш успешно спречил голем број на штетници од културни билки. Денес, оваа потполно природна подготовка го обновува своето вистинско место во заштитата на бројни култури од штетници.

„Современо Земјоделство“
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *