Денес истекува рокот за поднесување на барања за нови инвестиции

Вести

Земјоделците кои имаат одобрение од платежната агенција за нови инвестиции, барања за исплата на субвенциите можат да ги достават уште само денес.

Во сточарството со 50 проценти се кофинансира набавката на јуници и приплодни грла овци, кози и свињи, а во растителното производство, подигнувањето на лозови и овошни насади, во периодот од 1-ви октомври до 31-ви декември 2017 година.

За новите инвестиции во добиток и во нови насади од 1-ви јануари до 30-ти септември оваа година, барањата за субвенции ќе се доставуваат до 30-ти септември.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *