Во југоисточниот плански регион ќе бидат поставени агрометеоролошки станици

Вести

Овој проект беше определен како приоритетен од страна на регионалната комисија за време на регионалните форумски сесии, а потврден од десетте градоначалници на општините во Југоисточниот плански регион.

Проектниот концепт „Агрометеролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ беше одобрен за доделување на грант во рамките на  проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – I фаза“.

Станува збор за агрометеоролошки станици, кои не само што ќе ги ги даваат потребните информации за временската состојба, туку ќе им предлагаат на земјоделците и мерки што треба да ги преземаат за заштита на посевите. Агрометеоролошките станици ќе профункционираат во јануари 2020 година, а општините се обврзаа да покриваат трошоците за нивно одржување. Покрај информирањето на земјоделците, во рамките на проектот ќе бидат организирани  информативни и советодавни настани за земјоделците и сите заинтересирани страни. Договорот за партнерство за реализација на овој проект, кој ќе го финансира Швајцарската агенција за развој, веќе е потпишан од страна на градоначалниците во Југоисточниот плански регион.

Бројот на Агрометеоролошки станици во секоја општина ќе зависи од бројот на култури кои ќе бидат земени во предвид во рамките на една општина. По набавката на станиците, претставници од избраниот набавувач, општините и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе го одлучат и прецизираат бројот на поставување на Агрометеоролошки станици во секоја општина врз основа на побарувањата на засегнатите страни.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *