Државата ќе ги отпише каматите на долговите на граѓаните

Вести

Со закон ќе се бришат каматите на долговите кон државните и јавни претпријатија заклучно со 2017 година. Покрај ова задолжително ќе се прави и репрограмирање на главниот долг, односно колку е поголем долгот на повеќе рати ќе се плаќа. Наместо 1/3 како што беше досега, извршителите отсега ќе можат да наплатат само 1/5 од платата, односно 20 проценти од платата. Ова ке важи за оние кои земаат под просечна или просечна плата. Ова се две предлог законски решенија кои Владата ќе ги достави до Собранието за измени на начинот на извршување.

 

„Плаќањето на главниот долг и трошоците пред судот, нотарот и извршителот ќе се врши во месечни рати во зависност од висината на долгот, За долгови до 10.000 денари ќе се исплаќаат на 6 месечни рати, од 10 до 60.000 денари на 12 рати, од 60 до 120.000 денари на 24 рати, од 120 до 240.000 на 36 рати и над 240.000 денари на 48 рати.“

Засега ќе нема намалување на извршителската награда од 1.000 на 300 евра откако вчера извршителите штрајкуваа со затворање на своите канцеларии.

„Нашиот предлог одеше секој тип на извршување да оди со 300 евра, тие излегоа со аргументи дека 300 евра за блокирање на сметка и за лицитација е навистина голема разлика. Тука ќе треба да направиме разликување но јас останувам дека кога станува збор за едноставно извршување на сметка не треба да има големи награди. Дали ќе блокирате за 1.000 денари или 100.000 денари нема големо дејствие извршителот.“

Отписот на каматите и репрограмирање на долговите, ќе се однесува само за институциите под државна капа. Приватните компании доброволно ќе одлучат дали ќе отпишуваат камати и репрограмираат долгови. Премиерот испрати апел до сите компании да се приклучат. Доколку овие законски решенија стапат во сила, во рок од три месеци ќе мора да се отпишат каматите и да се репрограмираат долговите.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *