Едукативната кампања за ИПАРД 2014 – 2020 продолжува во Валандово и Росоман

Вести

Продолжуваат инфо деновите од едукативната кампања за ИПАРД 2014 – 2020. Експертите од МЗШВ и АФПЗРР во Валандово и Росоман се фокусираа на прашањата  кои се однесуваат на преработувачката индустрија и примарното земјоделство. Претставниците од Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ ги претставија мерките за примарно земјоделско производство и за преработка на земјоделски производи. Притоа ги потенцираа приоритетните сектори, потенцијалните корисници, прифатливите инвестиции и критериумите.

Целта на денешните инфо денови беше придобивките од ИПАРД програмата да допрат до присутните и заинтересираните за да се заинтересираат да ги користат европските фондови планирани за 2014 – 2020.

 

Претставници од Секторот за одобрување на проекти од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја објаснија целосната постапка за користење на средства од ИПАРД 2014 – 2020. Презентирани беа самите јавни повици, потребните документи а покажано беше како изгледа еден деловен план/ТПП.

 

 

Во тековниот период на едукативните денови ги потсетуваме земјоделците дека во тек се 2 отворени јавни повици. Рокот за поднесување понуди за „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ истекува на 29-ти јануари, а за мерката „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ на 9-ти февруари.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *