ФАО: Поскапувањето на храната ќе продолжи до следната година

Видео

Трендот на раст на цените на храната нема да престане ни во следните месеци, прогнозира светската организација за храна. Глобалните цени на храната достигнаа историски рекорд во февруари со раст од 3,9 насто споредено со јануари. Најголемо зголемување има кај млечните производи и маслото за јадење. Од ФАО велат дека притисокот на цените ќе биде уште поголем, бидејќи побарувачката е зголемена, но тука е и зависноста на земјите од производите на Украина и Русија.

„Цените на храната, кои веќе се во пораст од втората половина на 2020 година, достигнаа историски максимум во февруари 2022 година поради високата побарувачка, влезните и транспортните трошоци и затворените пристаништа. Глобалните цени на пченицата и јачменот, на пример, се зголемија за 31%, цените на маслото од репка и сончогледовото масло се зголемија за повеќе од 60%. Трендот на раст на цените може да продолжи до следната година“, велат од Светска организација за храна.

Последните податоци и кај нас од Државниот завод за статистика бележат раст на цените на мало за 8,6 насто споредено со јануари. Kaj маслото за јадење и лебот има најголемо зголемување. Производителите на масло за јадење велат дека никој не може да знае дали и понатаму ќе се зголемува цената бидејќи на светските берзи сировото масло од ден за ден се менува.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *