Николовски: Ставаме силен фокус на зголемување на примарното земјоделско производство на сончоглед

Вести

Денеска Министерот Љупчо Николовски, ја посети подружницата на компанијата #Витаминка, фабриката за производство на масло за јадење #Брилијант во Штип, која покрива значаен дел од пазарот на масло за јадење во нашата земја.

Домашните капацитети за производство на основни прехранбени производи меѓу кои и маслото за јадење, се ставени во полн капацитет. Со укинувањето на забраната за извоз на рафинирано и нерафинирано масло од Србија за Македонија се овозможува стабилност на пазарот на храна за овие прехранбени производи.

-Ставаме силен фокус на зголемување на примарното земјоделско производство на сончоглед, преку навремена исплата на субвенциите, даваме силна поддршка на развојот на договорното производство, го зголемуваме домашно производство, а со тоа даваме сигурност на граѓаните за основните прехранбени производи, истакна Николовски.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *