
Сопственичката Милица Пантиќ вели дека фармата со гуски, односно Земјоделска кооперација „Ансер“, постои од 2012 година и во моментот имаат околу 600 гуски.
Гуските се тревопасни животни, па ги хранат со трева, сено и пченка.
-Секоја година оставаме матично јато кое брои окулу 100 гуски од обата пола. Тие на пролет несат 60 до 70 јајца кои ги инкубираме и потоа добиваме подмладок, раскажува госпоѓа Пантиќ.
Не е лесно да се најде пласман на гуските, но сопственичкаа знае дека месото од гуски е исклучително ценето во светот. Најмногу го конзумираат богатите Европјани, двојно е поскапо од пилешко месо, па дури и од месото од мисирка.
-Најскап од се е џигерот (црниот дроб) од гуските. Килограм чини околу 200 КМ (101,8 Евра). Добра цена држи и маслото од гуски, што се добива од нивното сало, а се користи за лекување на респираторни заболувања, вели Милица и истакнува дека гуските, ако се хранат добро, може да достигнат тежина до шест, па дури и седум килограми.
За пердувите биле заинтересирани Јапонците, но:
-Штета што се предалеку, па не се договоривме, истакнува Милица, додавајќи дека Јапонците купуваат класифицирано, зрело перје и добро го плаќаат.
Гуските на фамилијата Пантиќ биле предмет за дипломски, магистерски труд и докторат, а голем број од нив имаат „глумено“ и во неколку играни филмови.