До септември, ќе се подготват три физибилити студии за мали системи за наводнување по што ќе започне процедурата за изградба, како дел од проектот на Европската унија за мали системи за наводнување.
-За овој и за останатите проекти финансирани од ИПА програмите на Европската унија, денеска разговаравме со координаторите и тим лидерите на ИПА проектите од областа на земјоделството и руралниот развој што се спроведуваат во МЗШВ, изјави министерот Љупчо Николовски
Во моментов во фаза на реализација се 15- тина проекти кои се финансираат преку ИПА програмите на Европската унија, а кои што се од исклучително значење за модернизирањето и развојот на земјоделството.