После 6 години, конечно извоз на македонскиот компир на пазарите во ЕУ

Вести Полјоделство

-После шест години застој, ја започнавме процедурата за извоз на македонскиот компир на пазарите во Еропска унија и во трети земји. Ова е еден од нашите приоритети, што крајно ќе влијае врз зголемување на откупната цена на компирот, потенцираше министерот Љупчо Николовски на средбата со земјоделците од Босилово, регион во кој има вкупно 4 откупни пунктови за компир.

Во следниот период ќе бидеме силно фокусирани на добивање на дозволата за извоз на македонскиот компир во ЕУ и во трети земји, бидејќи Македонија е позната по традиционалното производство на квалитетен компир, истакна Николовски.

Во таа насока, формирана е работна група и во тек се мониторинзи на терен.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *