Ф’стак – расад во Македонија

Вести Совети

Фисташката спаѓа во фамилија Anacardiaceae, род Pistacia, во кој се застапени околу 20 видови. Од сите нив најголемо значење има само видот Pistacia vera чии плодови се користат во исхраната на луѓето.

Фисташката е долгогодишно листопадно растение кое достига старост и до 500 години. Во првите години формира долг неразгранет коренов систем. По неколку години се развиваат голем број на скелетни корени кои за неколку пати се подолги од радиусот на круната. Благодарение на моќниот, широкиот и длабоко распространетиот коренов систем фисташката расте и обилно плодоноси во исклучително суви услови. Надземниот дел се развива како средно бујно стебло, со јако разградена круна, со висина до 6м. Расте многу бавно. Во првите 2 до 3 години надземниот дел достига висина од само 50 цм. Лисните пупки се мали, листовите се развиваат по цветовите, тие се сложено перести.

Фисташката се развива најдобро на типични карбонатни, длабоки и отцетни почви. Поднесува доста и чакалести, каменливи почви. Подобро се развива на источни, јужни и југозападни експозиции, со наклон до 12° и надморка висина од 600 до 700 м. Овој вид е исклучително отпорно растение на суша што се должи на јако развиениот коренов систем но и на изобилството на смола која за време на сушниот период постепено се разградува при што ослободува вода. Заради оваа особина фисташката се развива одлично и во услови каде годишните врнежи изнесуваат и од 100 до 250 мм и со долготрајни летни сушни периоди. Во текот на летото без штети поднесува високи температури и над 42°C и зимски ниски температури до -30°C. Фисташката е многу светлољубиво растение, поради ова не поднесува засенчување кое се јавува во густ насади. Заради тоа растенијата во насади се садат на поголемо растојание 6х6 или 6х5 м.

Досега се создадени мал број на сорти од фисташката. Како главни земји кои селекционираат сорти фисташки се земјите од реонот на Средоземното Море, Азербеџан, Турција, Иран, Сирија и Соединетите Американски Држави. Кај нас е инпродуцирана грчката сорта Аегина која во наши услови дава задоволителни резултати.

Фисташката во природата се размножува со семе, но на овој начин не ги пренесува верно особините на мајчиното растение. Половите до новото растение се машки. Семенците многу бавно растат. Порано, а делумно и сега фисташката се садеше со семе дирекно во насад, а после неколку години семенците се калемат со питоми сорти. Во Сирија најдобра подлога за фисташката се покажала сортата Батоопс која брзо расте и во првата година до септември стеблото е дебело од 8 до 10 мм, и може да се окулира на заспана пупка. Во Калифорнија како подлога се користат семенци од Пистациа атлантица, каде фисташката може да се калеми на повеќе начини.

Најдобар начин на калемење е окулирање на изрез кога младите подлоги ќе достигнат дијаметар од 6 до 15 мм. Најдобро време е мај – јуни на будна пупка со зрели питомки. Во јули може да се калеми на будни или заспани пупки со питомки од тековната вегерација. Во август се калеми на заспана пупка. Може да се калеми и Т зарез но примањето е нешто послабо. При калемење на будна пупка подлогата се свиткува, а кога ке потера леторастот се отсранува над калемот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *