Одгледување на Малина

Вести Совети

Најдобар начин на калемење е окулирање на изрез кога младите подлоги ќе достигнат дијаметар од 6 до 15 мм. Најдобро време е мај – јуни на будна пупка со зрели питомки. Во јули може да се калеми на будни или заспани пупки со питомки од тековната вегерација. Во август се калеми на заспана пупка.

 

Почвено – климатски услови за успешно одгледување Малината бара почви со полесен механички состав, претежно со делувијален или алувијален карактер. Основно барање е почвите да бидат  богати со хумус. Добра плодоносност има и на црнозем, кафеави и сиви планински почви со пропустлив подораничен хоризонт и со доволно органски материи. Сортите не поднесуваат високо ниво на подземни води (80-100 см од површината). При такви почвени услови, коренот често страда од асфиксија и растението угинува или останува со слаби изданоци, кои даваат ситни плодови. Тешките почви со вишок вода го помагаат и развојот на рак на коренот, што е причина за предвремено пропаѓање на насадите.

Малината добро се развива при средно кисела до неутрална реакција на почвата – pН 5,5 – 7. На алкални почви таа страда од хлороза, но и многу киселите почви, со pН< 5,5, не ги поднесува. Бидејќи цвета доцна, малината ги избегнува пролетните мразеви. Успева и на надморски височини над 1200 метри. Најпогодни се терени со добра воздушна дренажа, со северна експозиција, каде што почвите се постудени и повлажни, а преку зима има снежна покривка.

Коренот на малината измрзнува на температура од -12 до -15оЦ поради што треба да се избегнуваат терени со голомразица. Леторастите измрзнуваат на -18 до -26оЦ, што зависи од сортата и подготвеноста за зимски период. Сменувањето на температурата над 6оЦ под -7оЦ предизвикува оштетување на изданоците.

Можности за производство во земјава Република Македонија зазема централно место на Балканскиот Полуостров. Од Јадранското Море е оддалечена околу 70 километри, а од Егејското 55 километри. Релјефот е претежно брановит, ридско планински. Рамни и благо брановити површини има околу 15%, главно покрај реките и езерата. Од три страни е заградена со високи планини, над 200 метри, кои постепено се спуштаат кон долината на реката Вардар. На југ е отворена кон Егејското Море.

Климата во Македонија може да се окарактеризира како континентална, ридна со остри зими и жешки лета со температура и над 40-44, како и со интензивна инсолација. Ведрото небо и ниската влажност на воздухот овозможуваат добивање на плодови со интензивно обојување, изразена арома, сласт и вкус. Почвите, исто така, се многу хетерогени.

Во централниот производен реон преовладуваат потешки карбонантни почви со повисока pH. Покрај езерата има плодна почва, со слабо кисела до кисела pH. Во ридско – планинските пеони преовладуваат скелетни и пропустливи почви. Постоењето на преработувачките капацитети, коморите за длабоко смрзнување на плодовите, изобилството на невработена работна рака, како и голењата побарувачка на домашниот, а особено на странскиот пазар, дава можност за пооптимистички поглед кон ова производство.

Подготовка на површината за садење

Правилната подготовка на површината при подигање на кој било овошен насад е од огромно значење за правилен развој, побрзо влегување во полна родност, поголема отпорност на болести и штетници на овошката, поголем принос и долгогодишна родност. Подготовката на земјиштето за подигање на малина опфаќа: уништување на коровот, вадење на повеќе годишни растенија и корења, мелиоративно ѓубрење, длабоко орање и тањирање (ситнење на почвата со челични дис кови).

Основна работа што треба да се направи е да се искорнат сите повеќегодишни растенија. Потоа, треба да се изврши растурање по површината на мелиоративното ѓубриво. Тоа треба да се изврши со околу 30 т/ха прегорено или полупрегорено арско ѓубре, 500 кг/ха суперфосфат и 800 кг/ха калиумова сол. Мелиоративното ѓубрење со органска маса може да се направи и со зеленишно ѓубрење (посевање на површината со некоја легуминоза и нејзино валање и заорување кога е во фаза на цутење). По раступање на ѓубрето, по површината се врши длабоко орање на длабочина од околу 40 сантиметри. Ова е најдобро да се изврши во периодот јуни-август. Кон крајот на септември се врши плитко орање и тањирање на површината.

Размерување на површината и садење

Размерувањето на површината се врши пред самото садење и растојанието на садење е обично 2,5-3 метри ред од ред, а 0,3-0,5 метри во редот. Садењето е најдобро да се изврши наесен, но доколку нема можност, тоа може да се направи и пано напролет. Пред садењето, потребно е да се отворат бразди по редовите. Коренот и долниот дел од садницата се наквасуваат во претходно подготвена „каша“ од плодна почва, свежа говедска ба лега и фунгицид. Длабочината на садење е околу 25 сантиметри. По садењето се затвораат браздите, а доколку тоа се правело напролет, тогаш полевањето е задолжително.

Обезбедување со квалитетен материјал за садење

Квалитетот на материјалот за садење, исто така, е многу важен услов. Грешките направени при обезбедување на насад ќе се забележат наредната година со сушење на дел од садниците, но и подоцна, кога ќе прородат неквалитетни и сортно не карактеристични плодови. Затоа, при негова набавка треба да се посвети посебно внимание. Имено, тој да се обезбеди од институција „расадник“ кој гарантира за сортата и квалитетот. За по дигање на насад се користат едногодишни изданоци, добро развиени, со доволен коренов систем и без присуство на патогени и туѓи тела, добиени од матични стебла на одредена сорта. Сортиманот кај малината е многу широк и динамичен.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *